До три години, мамо, Скопје го шетав,
а на четвртата, мамо, Битола си дојдов,
Битола си дојдов, мамо, за во зандани.
В зандани ќе лежам, мамо, до девет години,
на десеттата, мамо, абер ќе ти пратам,
абер ќе ти пратам, мамо. — Кажи му на Маре:
Нека се омажи, мамо, дури е млада!
Цвеќето се бери, мамо, дури е росно,
а моме се љуби, мамо, дури е младо.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год