Планинарска патека до Палиснопје – Национален парк Пелистер

hiking on pelister map

Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои Ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.

Со задоволство Ви ја претставуваме планинарската патека:

Хотел Молика – Инфо центар – Палиснопје – Копанки – Хотел Молика

  • Должина на патеката: 7км
  • Време: 3ч(приближно)
  • Тежина: лесна
  • Висински точки: 1420м – 1350м – 1400?м – 1610м – 1420м над морска височина
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Инфо центар 1350м
  • Палиснопје 1500м
  • Копанки 1610м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

Важно:

Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.

Препорачана опрема за планинарење:

  • Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
  • Дополнителна облека во зависност од сезоната
  • Очила за сонце со UV филтер
  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
  • Личен сет за прва помош / сет против алергии
  • Екстра храна
  • Вода (најмалку 1 литар)
  • Средство против инсекти
  • Штеки