Прошетката историско едукативната патека низ живописната природа на Националниот парк Пелистер, е одлично искуство за целото семејство и одлична можност за посетителите да дознаат повеќе за Првата светска војна.
Патеката започнува од Инфо центарот во Пелистер, во кој исто така е поставена и музејска поставка за Првата светска војна и за растително-животинскиот свет на Националниот парк. Патеката завршува во близина на Хотел Молика.
Најкратко време за кое што може да се помине оваа патека е околу 20 мин, но инспирирани од живописната природа голем број на посетители оваа прошетка ја претвораат во пикник на уредените клупи и маси на крајот на патеката или во Хотел Молика.
Патеката е добро обележана со многу места за одмор, видиковец и информативно-едукативни паноа.
Хотел Молика и Инфо центарот се поврзани со асфалтен пат во должина од 1 км и пред двата објекти има бесплатен паркинг.
Надморски висини:
- Инфо центар – 1350 м
- Хотел Молика – 1420 м
Повеќе информации:
Резервирајте сместување во Хотел Молика (Booking.com)…
Важно:
Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.
Препорачана опрема за планинарење:
- Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
- Дополнителна облека во зависност од сезоната
- Очила за сонце со UV филтер
- Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
- Личен сет за прва помош / сет против алергии
- Екстра храна
- Вода (најмалку 1 литар)
- Средство против инсекти
- Штеки