Планинарски дом – Големо Езеро – Национален парк Пелистер

Golemo Ezero Planinarski Dom Pelister Baba Macedonia

Големо Езеро е постглацијално езеро на надморска височина од 2218 метри и е една од најатрактивните локации на националниот парк Пелистер.

Веднаш до Големо Езеро се наоѓа истоимениот планинарски дом, кој со претходна најава е отворен за туристите и посетителите.

Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато” – Големо Езеро 2218 м

Контакт информации:

  • Петар Нолев
  • pnolev@gmail.com
  • +389 75 458 782

Капацитет:

Планинарскиот дом има шест големи спални соби со капацитет од 4 до 12 кревети. Вкупно 30 кревети и околу 20 дополнителни душеци. Во три од собите има греење на шпоре на дрва.Има една голема трпезариска просторија со поголем капацитет и греење со шпорет на драва. За секој посетител кој ке одлучи да нокева во домот има чиста постелнина и волнени ќебиња.

Вода за пиење и тоалет

Во близина на домот има силен извор на чиста и студена вода.Тоалетот е полски и се наоѓа на 30-тина метри од домот.

Храна

Во домот има скромна кујна, кујнски прибор и е достапна за секој посетител.Исто така во домот има различни зачини,сол и маслиново масло за секој посетител бесплатно.

Работно време

За време на летните месеци (од почетокот на мај,се крајот на октомври) планинарскиот дом е отворен во викендите,(а можно е да се отвори и во другите денови,дури и во зима,но само со претходна најава и договор).

Golemo Ezero - Pelister