Едно време си бев така, тра-ла-ла,
си бев така без работа, тра-ла-ла,
та си појдов во Битола, тра-ла-ла,
во Битола, на прошетка, тра-ла-ла,
та поминав низ еврејско, тра-ла-ла,
низ еврејското маало, тра-ла-ла.
Таму сретнав моме Еврејче, тра-ла-ла,
со косите растурени, тра-ла-ла,
јас му реков по славјански, тра-ла-ла,
— Ај, стори се Славјанка, тра-ла-ла!
Ќе те носам в лепа црква, тра-ла-ла,
лепо име ќе ти турам, тра-ла-ла,
лепо име ти ќе носиш, тра-ла-ла,
лепо име МАРИЈА, тра-ла-ла!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год