Таму долу во Битола,
во Битола, зелена ливада,
во ливада висока топола,
на топола висока пилци стојат,
под топола два бели чадорја
под чадорја брат и сестра седат.
Брат и сестра тихо си говорат:
— Стани, брате, Битола изгоре!
— Ако изгоре, нека изгоре!
Да изгоре, пуста да остане!
За неа јас три години робувам!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
РОБУВАЊЕ ВО БИТОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола
Св. Варвара село Драгош
Dragosh (Драгош) village
Црквата Св. Варвара е сместена на влезот од село Драгош покрај асфалтниот пат. Црквата потекнува од поствизантискиот период и најважните икони од...