Се скарале, џанам, се степале, аман, аман,
две девојки, три невести;
Искршиле, џанам, девет стомни, аман, аман,
девет стомни, три ѓумои.
Кинисале, џанам, ка давија, аман, аман,
на давија град Битола,
град Битола, џанам, кај мудурот, аман, аман.
Напред беше руса Стојна, руса Стојна од Белица,
и по неа беше, џанам, Пандеица, аман, аман,
и по неа Петреица.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год