СМРТТА НА ГЕОРГИ НАУМОВ И СТЕРЈО ГЕОРГИЕВ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Убаво девојче по ливади шета,
росно цвеќе бере, жална песна пее:
— Доста, доста ропство, веќе не се трпи!
Клетите фашисти станале ѕверови.
Вчера во Битола двајца обесија:
Тој Георги Наумов, Стерјо Георгиев.
Двајцата јунаци за народ загинаа,
за народ загинаа, за Македонија.”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год