Сношти поминав, заминав
покрај битолските касарни.
Бен сени северам,
чок сени северам )
покрај битолските касарни.
Сите момчиња ги видов,
само мојто либе не видов.
Бен сени северам,
чок сени северам
само мојто либе не видов.
(Сите момчиња там’ беа,
само мојто либе не беше.
Бен сени северам,
чок сени северам
само мојто либе не беше.)
Стори ме, боже, престори,
едно сиво бело галапче.
Бен сени северам,
чок сени северам
едно сиво бело галапче.
На рамо да му застанам,
до две-три думи да кажам.
Бен сени северам,
чок сени северам
до две-три думи да кажам.
До две-три думи да кажам,
до срце да го изгорам.
Бен сени северам,
чок сени северам
до срце да го изгорам
зашто ме млада остави.
Бен сени северам,
чок сени северам
зашто ме млада остави.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год