Никој Стојна не верува,
леле, леле, не верува.
Кој верува, не е дома,
леле, леле, не е дома;
Отишол е на печалба,
леле, леле на печалба.
На печалба во Битола,
леле, леле, во Битола.
Тој и праќа понадица,
леле, леле, понадица,
од Битола малебија,
леле, леле, малебија,
малебија шеќерлија,
леле, леле, шеќерлија.
— Јади, Стојне, малебија,
леле, леле, малебија!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год