—Патруно, пиле шарено,
а шо си толку убава,
а шо си тенка-висока
како битољски сељвии?
А шо си бела-црвена
како тетовско јаболко?
Дали те мајка родила,
дали те порој донело?
Да не си в градина никнала?
Да не си од небо паднала?
— Де гиди, лудо, будала,
не сум в градина никнала,
не сум од небо паднала,
нити ме порој донесло.
— Јас сум од мајка родена
на првиот ден Велигден.
Кога ме мајка родила,
закопа јајце в буниште,
јајце с’ извело пилиште,
мајка го фрли в огниште,
и на пилето думаше:
„Како шо пискат пилево
так’ да пискает
ерѓени за мојата Пафка убава”!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год