УМРЕЛО ЕДНО МЛАДО ВОЈНИЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Сношти излегов, мамо, прошетав
покрај битолските, мамо, касарни;
Сите касарни, мамо, светеа,
војната музика, мамо, свиреше:
Умрело едно младо војниче,
а тоа било, мамо, водниче,
и тоа било, мамо, либето,
во лева страна, мамо, рането,
во лева страна, мамо, срцето.
Умирам, мамо мори, загинвам,
што ќе ми живот, мамо, без него!

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год