ЧЕТИРИ КОЊА ТЕРАШЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеЧЕТИРИ КОЊА ТЕРАШЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Четири коња тераше,

четири узди стегаше,

оф, аман, аман, чајре земан;

четири узди стегаше,

сите четири телати.

Оф, аман, аман, чајре земан!

Кога минваше низ Битол,

низ битолските махали,

оф, аман, аман, чајре земан;

низ битолските махали,

низ битолсхите халдрми,

оф, аман, аман, чајре земан;

Агнушка стои на врата,

од памук чорап си плете,

оф, аман, аман, чајре земан;

од памух чорап си плете,

дребни си солзи бре рони,

оф, аман, аман, чајре земан;

дребни си солзи бре рони,

љуто и жешхо бре х’лне:

„Оф, леле боже, до бога

да се запусти Интово!

Оф, аман, аман, чајре земан;

да се запусти Интово,

низеми да ми се вратат!

оф, аман, аман, чајре земан,

Кога минава низ Битол,

низ битолсхите махали,

Оф, аман, аман, чајре земан!

право ми трга в меана,

на меанџија говори:

— Меанџи, брате јабанџи,

тури ми вино, рахија,

оф, аман, аман, чајре земан;

Да пијам и да с’опијам,

да заборавам дертове,

оф, аман, аман, чајре земан;

да заборавам дертове

за таја пуста Агнуша!

Оф, аман, аман, чајре земан

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

- Advertisment -

Кркардаш – Св. 40 маченици

0
Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население...