ШЕФКИЈА АГА И ДИМКО МОГИЛЧЕТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Излегол Шефки да се прошетат,
да се прошетат низ град Битола,
на пат ми го сретил Димка Могилчето,
Димка Могилчето од село Могила.
Ајде што му вели Димко Могилчето,
Димко Могилчето на тој Шефки ага:
— Еј гиди Шефки, Шефкија ага,
утре ќе и пуштиме сите волови,
сите волови, сите селски свињи,
сите селски свињи во твојте ливаѓе!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год