Што време си дочекавме, де,
жабите делба да делат, де:
Жабите делба да делат, де:
На ергените бабите,
на ергените бабите, де,
на старчиштата момите.
На старчиштата момите, де,
на мојто лудо две моми.
Почнала баба да плаче, де:
„Оф леле, боже, до бога!”
— Молчи ми, бабо, не плачи, де,
јас ќе се качам на мачорот.
Јас ќе се качам на мачорот, де,
ти ќе се качиш на петелот,
Ќе одиме во Битола, де,
ќе си купиме белило.
Re си купиме белило, де,
белило ем и црвило.
Ти ќе се, бабо, набелиш, де,
набелиш ем и нацрвиш.
Ќе станиш лика прилика, де,
ќе бидиш токму за мене.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
ШТО ВРЕМЕ СИ ДОЧЕКАВМЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола
- Advertisment -
Св. Петка село Горно Ореово
Црквата Св. Петка во село Горно Ореово е трокорабна градба со седумстрана апсида и придодаден трем, изградена во 1860 г.
Внатрешноста на овој храм изобилува...