Јаглико, јаглен мајка ти,
Јаглико, оган татко ти
и голем срам на браќа ти
— цело село ни го ужали.
Јаглико, јаглен на цело село!
Во Битола да те носам,
на Евреи ќе те продам;
Поубо јаглен да се сториш,
отколку анамка да бидеш.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год