ЧУДО СТАНА ПО СВЕТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Чудо стана, чудо стана по свето —
владици да се женат.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.
Први беше, први беше врвеше битолски кромитчија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.
Втори беше, втори беше врвеше прилепски мајтапчија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.
Трети беше, трети беше врвеше охридски рибарџија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.
И по него, и по него врвеше солунски лимонџија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.
И по него, и по него врвеше велешки стомнаџија.
Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год