Од климатски поглед, за Битола би подвлекле повеќе карактеристики.
Во Битола, официјално, главната метеоролошка станица започнува со работа од 16.3.1945 г. иако за одредени метеоролошки елементи, има систематски податоци од 1926/27г. Метеоролошката станица во градот се наоѓа на надморска височина од 586 м.
Според, метеоролошките податоците, градот има средна годишна температура на воздухот од 11,1оС, но со големи отстапувања во одредени години од 10,1оС во 1975 година до 13,1оС во 1952 г.
Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од 0,6 оС, но со апсолутна минимална температура од -30,4оС. Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22.2 оС и со апсолутно максимална температура од 41,2оС. Апслолутното годишно варирање на температурата во воздухот изнесува 71,6оС што е специфика на подрачјата со континентална клима.
Пролетните и есенските месеци се со пријатни температури на воздухот, но истите можат да добијат специфики и на продолжена зима или на продолжено лето. Според оа, во Битола, климата, во основа, е со умереноконтинентален карактер, со нагласена континентална компонента, со динамична и со нестабилна клима на суво многу топло лето и на зимски период поделен на пократок, сув и студен. Поинаку кажано, температурата има специфика на континентална клима, а врнежите, на сушна изменето-медитеранска или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка – Сахара.
Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм. Со вредности кои се движат од 338 мм до 879 мм, што претставува разлика која е близу до просечното количество. Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1, што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.