Црквата Успение на Пресвета Богородица во с. Велушина е една од најстарите цркви во битолскиот регион. Кај овај комплексен објект досега се констатирани неколку фази на градба – од крајот на X и почеток на XI век, потоа XII и XIII век, а во текот на XVIII и XIX век била извршена најголемата реконструкција на црквата.
Според одредени археолошки истражувања, се верува дека црквата е изградена врз темелите на постара црква од VI век.
Фреско сликарството во црквата е исто така изработено во повеќе фази од различни временски периоди. За најстарите фрески се мисли дека датираат од X и XI век.
До црквата води земјен пат, десно од влезот на селото.
Објектот е заклучен и за посета на истиот потребно е да се побара помош од црковниот одбор во селото.
Фото галерија