Здодеало ми се, мајко,
железар да бкдам,
железар да бидам, мајко,
во пуста Битола,
во пуста Битола, мајко,
долу на Ат-пазар.
Me викнаа, мила мајко,
горе на началство,
ме избрале, мила мајко,
војвода да бидам,
војвода да бидам, мајко,
Леринската кааза.
Ми избрале, мила мајко,
триесет четници.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год