Интерфест е меѓународен фестивал за класична музика на кој учествуваат голем број на уметници од целиот свет, а се одржува во Битола.
- Дата на настанот: вообичаено почеток на месец октомври
- Организатор: Интерфест Битола
- Тел / Факс: 389 2 2611051
- Email: intfestbt@yahoo.com
- www.interfest.com.mk
Покрај концертите за класична музика, се посветуваат и ноќи за поп-модерна музика, театарски претстави, уметнички изложби и еден ден за презентација на литература за време на фестивалот.
Во последните неколку години на фестивалот учествувале уметници од Русија, Словачка, Полска и многу други земји. Поради тоа што Битола е позната и како „Град на клавирите“, една ноќ од фестивалот е со натпреварувачки карактер. Една награда се доделува за најдобар млад пијанист, а друга за натпреварувачи под 30 години.