УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА

Home Образование Високо образование УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА

Универзитетот “Св.Климент Охридски”- Битола вклучува осум високообразовни установи: 5 факултети, една висока школа, Универзитетски интердисциплинарни студии за јавна администрација; три научно-истражувачки установи, Национална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” и Студентски дом “Кочо Рацин”.

Наставно образовниот процес е реализиран од 26 додипломски студиски програми и 14 студиски програми за последипломски студии. На високообразовните установи на Универзитетот студираат повеќе од 15.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 323 наставно- научни и помошнички кадри. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.

Универзитетот “Св.Климент Охридски”- Битола по многу обележја е специфична високообразовна институција. Тој е флексибилен, динамичен во процесот на едукацијата, препознатлив и настојува да ја негува сопствената различност. Развивајќи ја меѓуинституционалната соработка на национално и меѓународно рамниште, Универзитетот успешно ја дефинира својата определба за реформски чекори за следење и доближување до европските стандарди во високото образование.

Контакт:

  • Адреса: Бул. 1-ви мај б.б. п.фах. 100 7000 Битола
  • Телефони: 047-223 788 047-223 192
  • Факс: 047- 223 594
  • www.uklo.edu.mk
  • e – пошта: rektorat@uklo.edu.mk
  • Патронат: Св. Климент Охридски – (8ми декември).

Rectorate building - University St. Kliment Ohridski in Bitola, Macedonia

 

Rectorate building - University St. Kliment Ohridski in Bitola, Macedonia

Save

Save

Save

Save

Премиера на музичко-сценска драма “Надеж” – 11ти април, 2019 год

Камерна опера Битола Ве поканува да ја проследите музичко-сценската драма "Надеж" која премиерно ќе биде изведена на 11ти април, 2019 год. во 19:00 часот, во...
Zoo Garden Bitola

Зоолошка Градина

- Advertisment - Booking.com