Буковскиот манастир Св. Преображение Христово е сместен во живописна шума на околу 2 км од село Буково во Општина Битола. Манастирскиот комплекс се состои од манастирска црква, порта, конаци со кујна и трпезарија, камбанарија и помошни објекти.
Не постојат многу податоци за историјата на овој манастир, но според некои извори тој е изграден врз основите на постара црква. Денешниот манастир датира од 1837, а во 1845 имало и два монаси.
Манастирот денес го одржува локалното население, кој поради близината до Битола, чистиот воздух и живописната природа, е една од омилните локации за пикник на битолчани.
Овој манастир бил исто така едно од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Отоманската империја. Тука често престојувал Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој во 1903 година бил убиен од турски војник додека се враќал од манастирот во Битола.
Локација
Како да манастирот
Од Битола до село Крстоар и Крстоарски манастир води асфалтен пат со должина од 4 км. Од Крстоарски до Буковски манастир води 2 км земјен пат кој е погоден за пешашење, велосипедисти, теренски возила а доколку се вози внимателно, некои посетители врват и со лесни коли.
До манастирот може да се стигне и пеш од село Буково (~ 20 мин) до кое води асфалтен пат.