Адвентистичката црква е сместена во близина на градската библиотека Св. Климент Охридски Битола. Објектот е изграден при крајот на 19 век како приватен резиденцијален објект во еклектичен неоренесансен или необарокен стил.
Овој објект припаѓа помеѓу најубавите примероци на ваков тип на архитектура во Битола и поради тоа тој е прогласен за споменик на културата на Република Македонија.
Контакт:
- Адвентистичката црква Битола
- Адреса: Пеце Матичевски 37, Битола 7000, Македонија
- Тел: +389 47 224 758