Во историските податоци за Битола, почнувајќи од 15 век па се до почетокот на 20 век, се јавуваат имиња на десетина амами, чии локации во најголем број случаи не се познати. Поради тоа, не може со сигурност да се каже кој од наведените амами покасно го добил називот Дебој – складиште.
Објектот е богат со архитектонски форми од надворешната страна и пластична декорација од внатрешната страна која ги украсува бројните соби. По своите архитектонски и декоративни карактеристики, објектот припаѓа на златниот век на османлиската архитектура. Организацијата на просторот била строго поделена на женски и на машки дел. Со текот на времето зградата била неколку пати оштетена и поправана.
Дебојот од неодамна е конзервиран и реставриран со што го доби својот изворен изглед, со прекрасна фасада, неколку мали и две големи куполи.
Објектот се користи како затворен пазар и од неодамна внатре е сместен супермаркет.
