Смолево било село на Баба планина југозападно од Битола помеѓу денешните села Лавци и Буково. На тоа место денес постои манастирот Св. Атанасие, кој воедно е и една од омилените локации за кратки прошетки и пикник на битолчани.
Од населбата Стрчин која е најблиску до манастирот и каде завршува асфалтниот пат, до манастирот води земјен пат со должина 1.3 км кој е погоден за теренски возила, велосипедисти и пешаци.
Манасирот има добро уреден двор со маси и клупи и извор со чиста и ладна планинска вода. Околните ливади и патеки се идеална локација за целодневен семеен пикник.