Црквата Св. Никола е главна црква во село Лавци. Сместена е во центарот на селото десно од паркингот и локалната продавница.
Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1939, а осветена во 1961 година. Олтарниот дел од црквата е одвоен со резбан иконостас со три реда на икони сите од периодот кога е реставрирана црквата.
Во внатрешноста на црквата може да се забележат неколку постари икони кои припаѓале на постара црква во село Лавци која била уништена во бомбардирањето за време на Првата светска војна.
- Адреса: село Лавци, Општина Битола
- Повеќе информации: Преспанско Пелагониска Епархија