Црквата Св. Богородица е поставена на мало возвишение на западната страна на село Канино.
Храмот е трикорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на југоисточниот агол. Изградена во 1830 г. на темели од постар храм, црквата е реновирана во 1926 и 1979 година.
До црквата води тесен асфалтен пат од село Канино во должина од околу 400 м.