Црквата Св. Никола е голема трикорабна црква сместена во јужниот дел на село Буково. Во дворот на оваа црква се сместени и селските гробишта.
Во село Буково и неговата околина во XIX и почетокот на XX век се обновени и подигнати голем број на христијански храмови, па веројатно од тогаш потекнува и оваа црква.