Св. Петка село Горно Ореово

St. Petka (Св. Петка) village Gorno Oreovo

Црквата Св. Петка во село Горно Ореово е трокорабна градба со седумстрана апсида и придодаден трем, изградена во 1860 г.

Внатрешноста на овој храм изобилува со добар живопис, еден во подобрите во овој дел на Македонија.

Во олтарната пеграда на црквата, поставени се два реда на икони кои потекнуваат од различни временски периоди.

Црквата Св. Петка е тесно поврзана со друга интересна локација во близина на село Горно Ореово. Имено на околу половина час пешачење од селото се наоѓа локалитетот „Дупен камен“, кој според кажувањата на локалното население им помагал на жените нероткињи. На 5ти мај – т.е. ноќта пред Ѓурѓовден на ова место може да се сретнат жени кои прво три пати ја обиколуваат црквата и потоа со запалени факли се упатуваат до месноста Дупен камен. Тука обмотани околу половината со јаже и со помош на нивните придружници тие се спуштаат низ тесниот отвор на карпата до иконата на Св. Ѓорѓија каде палат свеќа.