Црква Св. Недела

Sv. Nedela Bitola Macedonia

Црквата Св. Недела е сместена на левата страна од северрниот влез во Битола веднаш до истоимените гробишта.

Изградена во 1863 како и многу други цркви во тој период и црквата Св. Недела е изградена со придонеси на занаетчиите од Битола. Објектот е трикорабна базилика со октагонална купола во средината, и со дрвен иконостас во внатрешноста од поново време.

church-holy-sunday-sveta-nedela-bitola-old

Sv. Nedela Bitola Macedonia

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров, Димко Николов и Александар Турунџев. На гробиштата се погребани и многу значајни личности како Павел Шатев, Димко Сарванов – Могилчето, Кирил Лозанчев, Михаил Димев и други.

Sv. Nedela Bitola Macedonia