Категорија Битола низ песните

ЕВРЕЈКА ПРИСТАНАЛА ЗА РИСЈАНИН – Народни песни во кои се спомнува Битола

Излегов да се прошетам низ таа града Битола, низ битолските сокаци, низ тие тесни чикмаци; Там видов моме Еврејче, на висок диван седеше, во рака чешел држеше, руса си коса чешлаше, луто си мајка колнеше: — Пукнала, мајко, треснала, зошто…

ЖЕЛБА ДА СЕ МАЖИ ЗА РИСЈАНИН – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетав низ град Битола — еврејски мали, аман, аман; На врата седит, мајче ле, моме Еврејче, аман, аман, на врата седит, мајче ле, песна си пеит, аман, аман: — Јас ќе го земам, мајче ле, Стефа рисјанче, аман, аман. Тој…

МАНОИЛ ВОЈВОДА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Коња ковет Маноил војвода, коња ковет по ноќна доба. Плочи кое — оканици, клинци кое — стодрамници, а наутро коња обосена. Го распита неговата жена: — Каде одиш, Мануло војвода? каде одиш нозе кршиш! Ноќе коеш своја брза коња, ноќе…

БЕГОВА ЌЕРКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

По сокаци шетав низ града Битола, сретнав си девојче с фереџе на глава. — Поткрени фереџе, моме, лице да ти видам, дали си рисјанче, моме, или си анамче! — Бегова сум ќерка, лудо, јас сум си анамче, јас сум си…

БЕЛА БУЛА И АЈДУК ВЕЛКО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетала бела була низ Битола крај Драгора, променета, наружена. Ја сусретил Ајдук Велко, Ајдук Велко војводата, ја сусретил и пољубил. Ојде була да се жали, да се жали на цар Горѓи: — Ај ти царе, цар Ѓорѓија, јас си шетав…

ДИМКО И АНАМИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Димко ми шетат низ таја, низ таја пуста Битола, низ битолските чаршии. Го догледаа анами, анами млади кадани? — He оди, Димко, не шетај низ битолските чаршии, тук’ дојди у нас на гости да пиеш љута ракија, да јадиш мезе…

ШТО САКАЛЕ МОМЦИТЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Пукнала, мајко, треснала, зошто ме роди убава! Да не можам д’ одам, леле, Битола од тие пусти, леле, беќари. На мермер плоча, леле, седеја, љута ракија пиеја, мезе си, мамо, немаа, мене ме мезе сакаа.   Преземено од книгата:…

МОМЕ ДОНКЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Нели ти реков, моме Донке, нели ти думав, да не љубиш, моме Донке, битољски ергени. Битољски ергени, Донхе, за љубов не знаат. Они те лажат, моме Донке, они те мамат, се за тија, моме Донке, тија пусти пари. Битољски ергени,…

КИР ТОДОРЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Поп Никола од Битола, што си има девет сина, девет сина, осум снаи, осум снаи, седум внуци. А што беше најмалото, најмалото кир Тодорче. Променето се у злато, се’ у злато, се’ у срма; На црквата ќе ми одат. Поминале…

СЕДНАЛА ЛЕНКА ДА ПЛАЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Седнала Ленка да плаче на високине чардаци. Ми ја дочула мајка и: — Зошто, мила ќерко, ми плачеш? — Како, мила мајко, да не плачам, либето ми се посврши за едно чупе баирче! — Молчи ми, ќерко, не плачи, полно…

ДОЈДОВА РАДО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Дојдова, Радо, дојдова, ќерко, од девет села стројници. Од девет села стројници, ќерко, од десет куќи богати; од десет куќи, богати, ќерко, од бабам града Битоља. Од бабам града Битоља, ќерко, за това маало јеврејско; за това мало јеврејско, ќерко,…

ЧУДО СТАНАЛО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Чудо стана, чудо стана по света, младинци да се женат! Тра-ла-ла, тра-ла-ла сама си го барала. Први беше, први беше врвеше битолски шкембарџија. Тра-ла-ла, тра-ла-ла сама си го барала. Втори беше, втори беше врвеше прилепски мајтапчија. Тра-ла-ла, тра-ла-ла сама си…

КОГА ГОРЕШЕ БИТОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Кога гореше Битола, во с’ботата навечер, битолчани — фодулџии не трчае да бранет, тук’ трчае по меани рујно вино да пиет.   Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА Народни песни во кои се спомнува Битола, собрал, предговор и речник напишал…

ПРОЛЕТ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Дојде време, дојде коа да расцути трендафиљот, трендафиљот, карафиљот; да мирисат с’та земја, с’та земја Румелија: Од Охридско до Битољско, од Битољско _до Прилепско, од Прилепско до Велешко, од Велешко до Солунско. Да го берет момињата, да го носет на…

ЗАВИЛА СЕ БЕЛА ЛОЗА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Завила се бела ми лоза, завила се окол’ Битола града; Под лозата една ми чешма шарена, под чешмата една ми плоча мермерна, врз чешмата до две ми чаши сребрени, у чашите рујно вино црвено, у виното до две грутки шеќерни.…

ДЕВОЈКИНА МОЛБА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Девојка си бога помолила: — Дај ми, боже, што ми срце сака! Срце сака крилја лебедови, срце сака илјада грошеви, да си појдам во града Битола, да одберам момче спроти мене: Што не пие вино ем ракија, што си јава…

ДАЈ МИ БОЖЕ ШТО МИ СРЦЕ САКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Девојка си бога помолила: — Дај ми, боже, што ми срце сака! Срце сака очи соколови, што гледаат мошне надалеку, срце сака крилја лебедови, што летаат многу нависоко, да си појдам во града Битола, да си купам игла од биљура,…

АНДОН И ДЕВОЈЧИЊА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Андон иде од Битола, од Битола, од Чаршија; В рака носи ал шамија, в ал шамија — леблебија, леблебија, грутка шеќер, грутка шеќер, суво грозје. Право трга Мариово, Мариово — село Дуње. На пат сретна момичиња, момичиња — мариовчиња. —…

МАРА РАШТАНКА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Мара раштанка, Мара раштанка битољчан заљуби. Брат е не ја дава за битолчанец, Мара стоеше, Мара стоеше пред огледало. Дробни си солзи, дробни си солзи Мара ронеше; ЈБуто си брата, љуто си брата Мара колнеше, зош’ не ја дава, зош’…