БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Битола, бабам Битола, таму се живот живее! Таму се живот живее, таму се јаде и пие! Битола, — мајска природа, Битола, — златна градина, со лични моми убави, на лице бели црвени! Битола, бабам Битола, кој ми те толку проколна:…
Битола, бабам Битола, таму се живот живее! Таму се живот живее, таму се јаде и пие! Битола, — мајска природа, Битола, — златна градина, со лични моми убави, на лице бели црвени! Битола, бабам Битола, кој ми те толку проколна:…
Ој вие млади, џанам, години, летнавте како бели галаби, слетнавте во момини скутови, за мене каил не се сторивте! Ергенлек, мила мамо, пашалак, моминство, мила мамо, везирство! Барем се ерген, мамо, нашетав низ таа града, мамо, Битола! Битолски моми, мамо,…
Се омажив, се задомив за едно младо ергенче од таа града Битола, Битола града голема. Везден на пенџер си седам моми, ергени да гледам, за младост да си споминам. Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА Народни песни во кои…
Узнал е Стојан овчаро за едно моме битолско, многу ми било убаво, срцето му го раздрало. Ошол ми Стојан Битола, момето тој да го види за една барем недела срцето да си умири. Ко виде Стојан Битола, Битола града чуена…
Од Битола појдов, во Прилеп си дојдов, прилепските моми сите тутунарки. Битола, ѓене бабам Битола, Манастир, ѓене кузум Манастир! Од Прилеп си појдов и во Велес дојдов, велешките моми сите се стомнарки (грнчарки). Битола, ѓене бабам Битола, Манастир, ѓене кузум…
Се запали ходајчето, ходајчето варосано, не го жалам ходајчето, тук’ го жалам сандачето, — нетре ми се тефтерите, нетре ми се сите моми, сите моми напишани; велешките — трендафили, битолските — пекмезарки, прилепските — тутунарки, ореовски — кромидарки, башно-селски —…
Озгора ми гредит едно лудо младо, едно лудо младо, едно безирјанче, да ми продават шарени вретена, да му ги дават се на невести, се на невести, и на девојки. — Скопските моми, тие конопарки, велешките моми, тие се лебарки, тиквешките…
Сите битолчанки, сите симидарки, сите буковчанки, сите пиперкарки, крај Драгоро седат пипер ми продават. Сите брусничанки, сите черешнарки, сите лавчанки, сите кардутчанки, Битола на мостот карадут продават. Сите диовчанки, сите ваљајчарки, сите нижопољки, сите чорапарки. Преземено од книгата: БИТОЛА…
—Патруно, пиле шарено, а шо си толку убава, а шо си тенка-висока како битољски сељвии? А шо си бела-црвена како тетовско јаболко? Дали те мајка родила, дали те порој донело? Да не си в градина никнала? Да не си од…
Бог да бие руса Мара Баирката што си стана сутро рано во недела, та си зеде дулец вода, личен леген, от’ си зеде миски сапун; ќе си мие бело лице бели раце, бели ноѕе. Се накачи на чардакот, се пресегна…
Излегов да се прошетам низ таа града Битола, низ тие тесни сокаци по тие бели калдрми. Там видов моме убаво, на висок диван седеше, во рака чешел држеше, руса си коса чешлаше, на мене ишарет даваше. Преземено од книгата:…
Излегов да се прошетам, леле, низ битолските сокаци, леле, низ тие тесни чикмаци, леле. Там’ најдов моме убаво, леле, руса си коса чешлаше, леле, луто си мајка колнеше, леле: — Пукнала, мајко, треснала, леле, зошто ме роди убава, леле? He…
Кога си бев, мила мамо, во Битола си заљубив џан девојче битолчанче, џан девојче битолчанче, баирчанче. На снага е танко, стројно и високо, на лице е бело, мамо, и црвено. Џан девојче битолчанче, битолчанче, мамо, баирчанче. Преземено од книгата:…
Кога ќе минам низ тоа Јени-Маале, очите ми се заливаат; Јенималките — сите по портите, а моето либе го нема. Кога ќе минам низ тоа Чифте Фурни, очите ми се заливаат; Чифтефурнаџики — сите љубовџики, а моето либе го нема.…
— Еј бреј Стојане, сине Стојане, свршеницата ти се посврши. — — Ох мори мајко, ох мила мајко, нека се врши, нека се мажи; Јас ќе си идам в гора зелена, в гора зелена да се обесам; или ќе идам…
Рашетав, мајко, прошетав, низ таа пуста Битола, низ тие тесни сокаци, низ тие кални калдрми, низ тоа маало еврејцко. Си видов моме Еврејче, на висок диван седеше, руса си коса чешлаше, бело си лице белеше, корална уста црвеше. (3) Од…
Прошетало ми Стефанче низ битолските маали, сретило моме Еврејче, на порта седеше; русо си косе чешлаше со фиљдиш чешељ, од коса с’нце грееше, лицето му се смееше, грлото му белееше, устето бисер ронеше. Та шчо му зборвит Стефанче на Еврејчето:…
Едно време си бев така, тра-ла-ла, си бев така без работа, тра-ла-ла, та си појдов во Битола, тра-ла-ла, во Битола, на прошетка, тра-ла-ла, та поминав низ еврејско, тра-ла-ла, низ еврејското маало, тра-ла-ла. Таму сретнав моме Еврејче, тра-ла-ла, со косите растурени,…
Рашетал ми се Димитар низ таа града Битола, низ таа маала еврејска; На пат ми сретна девојче, девојче, жолто Еврејче. Димитар што му велеше: — Девојче, жолто Еврејче, од ум да одиш как’ мене, пулум да пулиш на мене, думи…
Прошетал попа Никола, леле, низ таа пуста Битола; низ таа пуста Битола, леле, со тие девет синови; осумте беа женети, леле, најмали Стојан несвршен. Намерил моме Еврејче, леле, на висок диван седеше, руси си коси чешлаше, леле, со чешел, со…