Еврејски гробишта Битола

Jewish Cemetery in Bitola, Macedonia

Еврејските гробишта во Битола се наоѓаат на влезот во Битола наспроти црквата „Св. Недела“. Порталот на гробиштата и оградниот ѕид се изградени во 1929 година, со што на некој начин се заштитиле гробовите кои се наоѓаат на ова место. На влезот од порталот стои текст „Јеврејско гробље Битољ 1457-1929 год“ што воедно посочува и на времето од кога постојат гробови на ова место.

Еврејските гробишта во Битола се едни од најстарите познати еврејски гробишта на Балканот. Долго време запуштени, голем број од надгробните споменици се уништени, а во минатото биле поместени од своите места, па дури и употребувани како градежен материјал.  Особено интересна била библиотеката која се наоѓала на ова место, за која за жал денес малку се знае.

Еврејски гробишта Битола 1912 г
Еврејските гробишта во почетокот на 20 век

 

Предниот дел од оградата како и влезниот портал со двете комеморативни соби од 2000 година се заштитени како културно наследство.

Со оглед на тоа дека во овие гробишта веќе долго време не се извршуваат погребални функции, истите имаат статус на меморијални гробишта и за нивно одржување е задолжена Општина Битола.

Jewish cemetery Bitola, Macedonia

Jewish cemetery Bitola, Macedonia

Од неодамна започнати се активности на средување на гробиштата, расчистување на гробните места и надгробните плочи, а постои и проект за нивно уредување во меморијален парк со што дополнително би се збогатила туристичката понуда во Битола.