Германски воени гробишта

German Military Cemetery in Bitola - Macedonia

За време на Првата светска војна, на подрачјето на Македонскиот фронт, германската војска имала околу 30.000 војници и офицери, дел од кои загинале и биле погребани на разни локации. По војната германската држава покажала интерес за собирање на остатоците од нивните војници и нивно погребување во заедничка гробница или спомен-костурница, чија форма требало да се базира на култните традиции од германската историја.

Според зачуваните архивски документи, од мај 1930 година германската влада побарала земјиште во Битола, наменето за меморијална костурница на мртвите германски војници кои загинале во Битола и околината за време на Првата светска војна.
Германските воени гробишта во Битола се изградени на рид на 1050 метри надморска височина во северозападниот дел на Битола.
Гробиштата се познати под различни имиња: Тотенборг (Град на мртвите), германската тврдина на мртвите во Битола, Германски почесен споменик во Битола, додека пак кај граѓаните најчесто користен термин е “Германски гробишта”.
Тотенборг бил изграден за повеќе од една година и тој е архитектонско дело на познатиот германски архитект Роберт Тишлер. Изградбата била под директен надзор на Германската народна унија за грижа за воени гробишта.

German Military WW1 Cemetery - Totenberg - Bitola, Macedonia

Описот и моделот на Тотенборгот за прв пат биле објавени во “Neue Baupläne des Volksbundes”, 83-85., каде јасно се потврдува авторството на архитектот Роберт Тишлер и датумот на почетокот на планирањето (1929/30). Градежните активности започнале во 1934 година, а инаугурацијата била одржана на 25 октомври 1936 година. Откако се изградил Тотенборгот, бил довезен саркофагот и сместен во средината на комеморативната сала.  Според сеќавањата на битолските граѓани пишувало на германски јазик: „Овде почиваат 3406 германски војници”.

German Military WW1 Cemetery - Totenberg - Bitola, Macedonia 25 X 1936

German Military WW1 Cemetery - Totenberg - Bitola, Macedonia 25 X 1936

German Military WW1 Cemetery - Totenberg - Bitola, Macedonia