Иса Факих џамија

cinar-mosque-bitola

Иса Факих џамијата е лоцирана во близина на понатото дрво Чинар и Керим бегов амам на улица Димитар Влахов. Подигната во 1505-1506, џамијата била реновирана во 1843 година.

Иса Факих бил познат кадија (судија) во Битола и татко на друг познат кадија Исак Челеби Ибн Иса.

Локално џамијата го имала името Чинар Муфти џамија, а подоцна била позната и под името Салих џамија. Денес објектот е запоставен и во него е сместена автоелектричарска работилница.