Католичка Црква Битола – Пресвето Срце Исусово

Catholic Church - Sacred Heart of Jesus Bitola

Црквата Пресвето Срце Исусово или Католичка Црква како што е позната помеѓу локалното население е сместена на главната улица во Битола – Широк Сокак.

Во средината на XIX век во Битола биле отворени бројни конзуларни претставништва и голем број странски службеници, трговци и членови на нивните семејства, дојдоа во градот. Зголемениот број католички верници барал постојано присуство на свештеник, кој би се грижел за духовните потреби на населението, за духовно и училишно образование на децата и другите верници. Ваквата ситуација придонела во 1848 година да биде назначен постојан свештеник, чиј престој во Битола бил доста краток.

За формирањето на црквата најзаслужни биле Лазаристите кои во 19 век започнале со идеја за ширење католичката вера меѓу православното население  во Отоманската Империја. Основач на парорхијата во градот бил Жан – Јозеф Лепавек кој во 1857 година го купил хотелот Локанда на Широк Сокак.

Јозеф Лепевак направил мал параклис каде што на Велигден 1857 ја отслужил првата Божествена Литургија, а капелата била посветена на Светото Срце Исусово.
Католичката мисија имала голема поддршка од францускиот конзулат, кој на различни начини ја поддржувал во работата. Во 1870 година на сегашната локација била изградена нова католичка црква во барокен стил, која била опожарена во 1900 година.

Главната улица Широк Сокак (тогаш Rue Hamidie) со Католичката црква – почеток на 20 век

The Main street Rue Hamidie Shirok Sokak Bitola with Catholic church 1907

Главната улица Широк Сокак (тогаш Rue Hamidie) со Католичката црква гледана од друг агол – – почеток на 20 век

The Main street Rue Hamidie Shirok Sokak Bitola with Catholic church 1907

Широк Сокак Битола – почеток на 20 век

The Main street Shirok Sokak Bitola 1908

На истото место во 1909 е изградена денешната Католичка црква во неоготски стил.  Архитектонскиот план за изградба на црквата бил дизајниран од француски архитект, но реализиран од македонските мајстори.
Внатрешноста на црквата се состои од три жртвеници, голем број икони и статуи во различни големини, крстилници и клупи за верници.

Широк Сокак со Католичката црква во 1916 г

Shirok Sokak Bitola with Catholic church in 1916

Главниот олтар од костеново дрво во готски стил бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари биле изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот биле изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил Ѓорѓи Караџов. Камбанаријата на црквата била изградена во периодот 1938 – 1940 год., и е подарок од словенечките верници.

Catholic Church Bitola - interior

Денес Католичката црква, продолжува да им служи на верниците во битолскиот регион и со гордост стои како една од главните туристички атракции во Битола.

Shirok sokak Bitola with Catholic church