Керим беговиот амам се наоѓа во непосредна близина на Чинарот и основното училиште Ѓорги Сугарев. Иако не е познато кога е изграден, овој двоен амам се смета дека ова е најстар амам во Битола и истиот бил достапен за различните етникуми кои живееле во Битола до 70-те години на 20 век.
Амамите (Турските бањи) имале многу значајна улога во културите на Балканот како места за социјална комуникација и нивни креатори биле доста добри и познати архитекти. Тоа биле места каде различите етникуми од Битола се дружеле, забавувувале и целосно се опуштале водејќи грижа за својата лична хигиена и здравје.
