Магазата претставувала вистинско уточиште за секој трговец кој ја донел својата стока во Битола. Низ овие порти поминувале и се растоварале, изложувале и продавале, најразлични стоки наменети не само за локалните пазари туку и са поголемите европски пазари.
Оваа е една од бројните магази кои постоеле во Битола од средината на XIX век. Тука се преговарала и договарала цената на производите, се надвикувало и доверливо се шепотело. Секој поединечен звук на дневниот жагор се врежал во овој споменик.
Овој објект денес е претворен во уметничка галерија во која се поставуваат бројни изложби од најразличен вид и карактер, каде се одржуваат литературни читања, камерни концерти и други културни манифестации се моменти кога Магазата живее со оној свој некогашен живот.