Авто и етно музејот „Филип“ е прватен музеј сместен во село Крклино, на само 5 км од Битола.
Со колекција на предмети која по квалитет и квантитет надминува и многу државни музеи, овој музеј е една од локациите кои не смеете да ги пропуштите при Вашата посета на Битола.
Музејот содржи богата збирка на стари автомобили, односно: Симка Ариане 1953г. Опел Рекорд; Форд Таунус; Пежо 404; Плимут Валијант; Москвич; Опел Олимпија; Фиќо ; Фолсваген Буба; Цитроен. Исто така импресивна е и колекцијата на стари моторцикли и велосипеди.
Етно секцијата во музејот содржи богата колекција од експонати, внимателно претставени во неколку автентично уредени соби: градска, селска, еврејска и турска.
Музејот поседува и богата збирка на стари костими, инструменти, оружје, предмети од домаќинство и сл.
Локација
Прочитајте повеќе…
- Топ дестинации во Битола
- Музеи во Битола
- Меморијални објекти во Битола
- Цркви и манастири во Општина Битола
- Пикник локации во Битола и околината
- Џамии во Битола
- Отоманска архитектура во Битола
- Села во Општина Битола




