Спомен собата посветена на Мустафа Кемал Ататурк е дел од НУ Завод и музеј Битола.
- Адреса: Климент Охридски 18, 7000 Битола
- www.muzejbitola.mk
- Работно време: секој ден 08.00 – 16.00
Мустафа Кемал е роден во Солун во 1881 г како дете на Али Риза Ефенди и Зубејде Ханам. Неговиот дедо по татко Хафиз Ахмет Ефенди по потекло бил од селото Коџаџик денешна општина Центар Жупа каде исто така постои музеј посветен на Мустафа Кемал Ататурк. Неговата мајка по потекло била од стара турска фамилија која била населена во близина на Солун.
Високо воено училишт во Битола – денес Музеј Битола
Повеќе >>> Фото галерија – Стара Битола …
По дипломирањето во средното воено училиште во Солун, Мустафа Кемал се запишал на високото воено училиште во Битола со еполета број 7348 и на 13 март 1896 го започнува своето образование во оваа установа. Во оваа зграда денес е сместен НУ Завод и музеј Битола во чиј склоп е и спомен собата посветена на Мустафа Кемал Ататурк.
Своето образование во Битола, Мустафа Кемал го завршил како еден од најдобрите кадети во својата класа и во 1899 година се запишува на Воената Академија во Истанбул.
Мустафа кемал, седи втор од лево. Непозната локација и датум
Мустафа Кемал се враќа во Битола во 1907 кога е назначен во третата армија со чин постар капетан.
Од Битола во 1909 година е преместен во Истанбул.
Како резултат на неговиот успех тој брзо напредува во неговата воена и политичка кариера. Во 1923 година тој е избран за прв претседател на Република Турција и останува на таа функција до неговата смрт во 1938 г.
Во 1934 г неговото има ја добива придавката „Ататурк“ односно „Татко на Турците„
Спомен собата во музејот во Битола претставува колекција од предмети и печатени материјали кои го прикажуваат животот на големиот реформатор на Турција. Она што е особено интересно е самата зграда и голем број на други објекти во Битола кои се сведоци за големината на овој град за врме на Отоманската империја.
При посетата на Битола, не можете а да не дознаете за убавата битолчанка Елени Каринте, која според некои кажувања била и голема и неостварена љубов на Мустафа Кемал Ататурк.
Read More: Eleni Karinte House…
Локација