Манифестацијата „Незаборав“ секоја година ја обединува публиката во Битола околу моќта на музиката како чувар на сеќавањето, емоцијата и заедничките вредности.
Преку внимателно избрана програма и изведби што допираат длабоко, „Незаборав“ претставува повеќе од концерт – тоа е културен чин на почит кон минатото и жив дијалог со сегашноста.
Настанот создава простор каде што спомените оживуваат преку тонови, а музиката станува мост меѓу генерациите, уметниците и публиката. Со својата континуирана традиција, „Незаборав“ се вградува како препознатлив и значаен дел од културниот живот на градот.
Продуцент и организатор на „Незборав“ е Панде Димитровски, кој е познат и како главен и одговорен уредник на магазинот за хумор „Без навреда“.
Панде Димитровски во рамките на својата продуцентска кариера има организирано над 400 концерти за детска популарна музика. Пет години работеше на издигнување на детскиот фестивал „Си-до“, а беше и извршен продуцент на телевизиската серија „Здраво Генијалци“ од 31 епизода, која се емитуваше 4 години на МТВ.
Во 2020 година добитник е на наградата „4 Номеври“ за едногодишно остварување, која традиционално ја доделува Општина Битола секоја година по повод Денот на ослободувањето на градот.







