Споменикот на пионер – Курир се наоѓа на улица Рузвелтова бр 20, пред зградата во која некогаш беше сместен „Пионерскиот дом“. Споменикот е посветен на најмладите учесници на Народноослоботителната војна, за време на Втората светска војна.
Сојузот на пионери на Југославија е формиран на Првиот антифашистички конгрес на младината на Југославија оддржан во босанскиот град Бихаќ на 27-29 ноември 1942 год. Први членови на Сојузот на пионери биле децата кои собираа помош за партизаните, се грижеа за ранетите борци, вршеа курирски должности, а постоеја и случаи на деца вклучени како борци во партизанските единици.
Најпознат пионер борец на просторите на некогашна Југославија е Бошко Буха (1926 – 1943), koj бил млад партизан, еден од најголемите симболи на Втората светска војна во Југославија, и народен херој.