Во село Буково и неговата околина во XIX и почетокот на XX век се обновени и подигнати голем број на христијански храмови.
Црквата „Св. Димитриј“ е изградена при крајот на XIX век и е главна селска црква сместена во центарот на селото. Објектот е трикорабна базилика со камбанарија од западната страна.
Она што е особено интересно кај овој храм е богатата збирка на икони сместена во горната галерија.