Св. Ѓорѓи – село Магарево

sv-gjorgi-magarevo

Во непосредна близина на импозантната црква Св.Димитриј во село Магарево, се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи, како остаток од некогашниот женски манастир кој постоел на тоа место. Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел. Изградена е во 1871 година.

Село Магарево се наоѓало на фронтовата линија за време на Првата светска војна, па најверојатно тогаш се уништени конаците и инвентарот на црквата. Денешниот иконостас и иконите потекнуваат од поново време.