Манастир Св. Ѓорѓи село Велушина

st george monastery velushina

Манастирот Св. Ѓорѓи е лоциран на 1.7 км западно од село Велушина, Општина Битола. Од овој манастир посетителите имаат можност да уживаат во убавата панорама на Пелагонија, а од спротивната страна пак, особено навечер, јасно е видлив осветлениот крст.

Во манастирскиот комплекс се влегува низ голема манастирска порта, која е дел од приземниот дел на конаците.

Храмот Св. Ѓорѓи е мала трикорабна градба која потекнува од 1839, а живописот е направен во 1848 од Зограф Јован.

Не пропуштајте: Виртуелна прошетка во дворот на манастирот… 

Близината до Баба Планина е мотив плус за посетителите од Битола и околината често да го посетуваат овој манастир кој воедно е и една од омилените дестинации за велосипедистите и сите оние кои сакаат кратки прошетки низ природа.
Во склоп на конаците има четири соби кои се на располагање на сите оние кои сакаат да ноќеваат во овој манастир.

Повеќе информации:

Фото галерија

St. George monastery - Velushina village, Bitola municipality, Macedonia