Св. Никола село Драгош

Dragosh Bitola Macedonia 02

Црквата Св.Никола е подигната во средината на XIX век, на западната страна на село Драгош, на 400 метри од центарот на селото.

Во црковниот двор се сместени селските гробишта.

Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на источната фасада. Во поново време од јужната страна на црквата, доѕидан е затворен трем.

Црквата е живописана од локални зографи во средината на XIX век.