Манастир Св. Петка село Цапари

Манастирскиот комплекс Св. Петка во село Цапари е една од локациите кои не смеете да ги пропуштите при Вашата посета на Битола. Сместен во густатата букова шума на Баба планина, овој манастир е една од омилените дестинации на битолчани во летниот период, како прибежиште од летните горештини во градот.

До манастирот се стигнува преку тесен асфалтиран пат во должина од околу 1 км од село Цапари, кое пак е оддалечено околу 15 км од центарот на Битола.

Според пишуваните извори се верува дека на ова место постоел манастир уште во 16 век, кој пак бил обновен во почетокот на 18 век.

Денешната манастирска црква според натписот над западниот влез е изградена во 1849 година.
Црквата има форма на мала трикорабна базилика и е живописана од непознати мајстори.

Во деведесетите години на 20 век манастирот бил зафатен од голем пожар во кој изгоре голем дел од внатрешноста на црквата, иконостасот и голем број на икони, а тешко беше оштетен и живописот.

Веднаш потоа месното население се зафати со обнова на манастирот и денес овој манастир е еден од најубавите во овој дел на Македонија, кој секако заслужува да го посетите.

Во согласност со црковниот одбор, сите добронамрници можат и да ноќеваат во конаците на манастирот.

Фото галерија

Фотографии: OFF ROAD Macedonia… (www.off-road.mk)

Sv Petka Monastery - Capari village - Bitola Municipality - Macedonia

Страна 2 >>>

Don't miss

Close Menu