Илинденски денови – фестивал на народни песни и игри

Iindenski denovi 2019 poster

Илинденски денови – Фестивал на народни песни и игри се одржува секоја година во Битола, при крајот на месец јули.

Задача на овој фестивал е да го негува оригиналниот фолклор преку истражување, вреднување и презентација на изворните, оригинални содржини, изразени во богатото народно културно богатство и нивно пренесување на идните генерации како непроценливи културни вредности.

Илинденски денови е традиционален фестивал во Битола, организиран од 1972 година, на кој досега имаат учествувано повеќе од 1000 фолклорни групи со повеќе од 30.000 изведувачи од целиот свет.


Програма – Илинденски денови 2019

среда, 24 јули 2019
20:00
Ретроспективна изложба „60 години творештво на Панде Петровски“ НУ Завод и музеј – Битола, мала сала

четврток, 25 јули 2019
10:00
Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација“ НУ Центар за култура Битола

20:00
Музичко сценска драма „Надеж“ ЗГ „Камерна опера“ Битола НУ Центар за култура Битола, нова сцена

петок, 26 јули 2019
10:00
Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација“ НУ Центар за култура Битола

20:00
Фестивалски караван Концерт во Општина Демир Хисар

22:00
Canning Stock Route – Изложба на Абориџинска култура НУ Центар за култура Битола, фоаје

сабота, 27 јули 2019
11:00
Семинар за традиционална музика и игра НУ Центар за култура Битола – Мала сала

11:30
Изложба на фотографии „Курт Хејлшер во Македонија“ НУ Центар за култура Битола

18:30
Дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ Саат кула, Широк сокак

20:00
Свечено отворање на фестивалот „Илинденски денови“ Битола Вечер на традиционална музика и игра Ракометно игралиште

22:30
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер КЦ Магаза

недела, 28 јули 2019
10:00
Семинар за традиционална музика и игра Студентски дом „Кочо Рацин“

11:00
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија

20:00
Вечер на традиционална музика и игра Ракометно игралиште

21:00
Фестивалски караван Концерт во Општина Новаци

22:30
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер КЦ Магаза

понеделник, 29 јули 2019
10:00
Семинар за традиционална музика и игра Студентски дом „Кочо Рацин“

11:00
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија

20:00
Вечер на интернационална музика и игра Ракометно игралиште, Битола

22:30
Проекција на филм „Лазарице“ Автор на проектот Бојан Петковски КЦ Магаза

вторник, 30 јули 2019
10:00
Семинар за традиционална музика и игра Студентски дом „Кочо Рацин“

11:00
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија

20:00
Вечер на староградска музика и игра Стара битолска чаршија

21:30
Ревија на народни носии – Ансамбл „Македонија“ Скопје Плоштад Магнолија

21:30
Песна и оро на Широк сокак – староградски ансамбли Од Саат кула до Камен мост

среда, 31 јули 2019
11:00
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија

11:30
Интернационална фолклорна разгледница Широк сокак

20:30
Свечено затварање на фестивалот „Илинденски денови“со КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ Хераклеа


Ilinden Days - Festival of Folk songs and Dances in Bitola, Macedonia

Ilinden Days - Festival of Folk songs and Dances in Bitola, Macedonia