HomeЛокацииШирок Сокак, срцето и душата на Битола

Широк Сокак, срцето и душата на Битола
Ш

Додека чекорите по оваа широка пешачка улица, чекорите и низ историјата на градот. Широк Сокак со векови бил главната градска артерија, место каде што се сретнувале културите, трговијата и секојдневниот живот на битолчани.

Низ минатото, оваа улица постојано го менувала своето име, во зависност од владетелите и историските периоди. Во различни времиња таа носела имиња на султани, кралеви или државници. Но, и покрај сите официјални преименувања, народот секогаш ја знаел и арекувал едноставно – Широк Сокак. Тоа име се пренесувало од генерација на генерација и токму тоа народно име опстанало до денес.

Битолското корзо Битола - ул. Крал Петар (денес Широк Сокак) фотографирано помеѓу двете Светски војни Prince Aleksandar I Karađorđević and admiral Ernest Charles Thomas Troubridge in Bitola - 21 November 1916 - Bitola then and now

Архитектурата на Широк Сокак е сведоштво за златниот период на Битола од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога градот бил важен дипломатски и трговски центар, познат како „Градот на конзулите“. Елегантните фасади, старите градски палати и модерните кафулиња создаваат уникатна мешавина од минато и сегашност.

Shirok Sokak in Bitola Macedonia Sirok Sokak - the main street in Bitola

Денес, Широк Сокак е место за прошетка, разговор и уживање. Тука се одржуваат културни настани, се пие кафе со часови и се чувствува вистинскиот ритам на Битола.
Додека шетате по Широк Сокак, сетете се дека тоа не е само улица – туку и живо сведоштво за историјата, идентитетот и духот на Битола.

Don't miss

Don't miss